Немојте да дозволите Крива Паланка да има празен чекор четири години. Во наредниот период да се продолжи со посилно темпо од ова што беше досега, да направиме работи кои Крива Паланка и ВМРО-ДПМНЕ ги ветија во програмата и ќе бидат исполнети, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на коалицијата За подобра Македонија во Крива Паланка.
Груевски истакна дека покрај подршката за градоналачникот, многу е важно да се подржи и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
– Немојте да дозволите да дојде некој друг кој ќе ги слуша инструкциите на Бранко Црвенковски кои во сите случаи се подеднакви, а тоа е да не се соработува со Владата, да се опструира Владата, да се опструираат сите проекти за само да се каже дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ не сакале да направат ништо за одредена општина – рече Груевски.
Груевски потсети за лошата приватизација и затворање на многу стопански капацитети во времето на СДСМ и ги повика граѓаните да изберат проверен и искусен градоначалник чии дела се очигледни.
Економски развој со отворање на мини хидрицентарли и гасификација на градот ќе бидат приоритети за третиот мандат на Арсенчо Алексовски.
Пред присутните кривопаланчани говореше и носителот на советничката листа, како и двајца претставници од коалициските партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница