
Драмата „Момчештво“ на Ричард Линклатер ја освои наградата БАФТА за најдобар филм на синоќешната церемонија која се одржа во Лондон.
Наградата за најдобар режисер, исто така, отиде во рацете на Линклатер, додека, пак, максимални пет трофеи освои комедијата „Гранд хотел Будимпешта“.

Патриша Аркет ја освои наградата за најдобра актерка во споредна улога за „Момчештво“, додека, пак, Еди Редмајн ја освои наградата за најдобар актер за главна машка улога. Тој е и главниот фаворит за освојување на „Оскар“. Фаворитката за „Оскар“ во категоријата најдобра актерка во главна улога, Џулијан Мур, си замина со награда за перформансот во филмот „Сѐ уште Алис“ (Still Alice).
Наградата за најдобро сценарио отиде во рацете на Вес Андерсон, за филмот „Гранд хотел Будумпешта“, кој не беше присутен на церемонијата, а научно-фантастичниот трилер на Кристофер Нолан, „Меѓу ѕвездите“ (Interstellar) освои награда за најдобри специјални ефекти. Наградата за најдобар филм од неанглиско говорно подрајче ја освои филмот „Ида“ (Ida) на Павел Павкликовски, додека, пак, филмот „Лего“ ја освои статуетката за најдобар анимиран долгометражен филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


