| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Ако Заев сега прислушува, што би правел кога би бил на власт

stevciooo500

Единствен спас СДСМ сега гледа евентуално за каков било пресврт во Република Македонија со помош на странски разузнавачки служби. Овде се праќаат две клучни поради. Првата е дека Заев уште не дошол на власт, а тој веќе спроведува опсежни пратења, снимања, следења видни граѓани, политичари, доктори, писатели, новинари итн, и каква е политичката порака кога тој би дошол на власт.

Ова го вели претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, во гостувањето во вестите на „Сител“, додавајќи дека работата е целосно загубена во опозицијата.

– Тоа е едно сеење на страв кај граѓаните на Република Македонија. Опозицијата има милион и пол фајлови, тоа се илјадници граѓани во Република Македонија кои се прислушувани – истакна Јакимовски.

Тој посочува дека прво СДСМ не сака да оди на локални избори, па потоа не сака да ги признае парламентраните избори, па не сака да се врати во парламентот, а сега гледа спас во странски служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top