| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува санацијата на штетите од поплавите

poplaviA-640x396-600x371

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека од денеска почнува санација на штетите од поплавите што ги зафатија некои региони во земјава.

Како што посочи при саботната посета заедно со премиерот Никола Груевски во Битолско, ќе се почне со санација на патишта и мостови, а штом се повлече водата во Новаци ќе се санира и коритото на реката Црна.

По повлекување на водата Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести, а Министерството за труд и социјална политика преку своите центри ќе направи евиденција на сите загрозени семејства од поплавите.

Телефонските броеви што ги отвори Црвениот крст за донација за поплавените се уште се во функција и се повикуваат граѓаните и компаниите да донираат. Последните информации се дека се собрани околу 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top