Вознемирените штедачи на Кипар чекаат редици на банкомаите за да си ги повлечат парите од сметките, по веста за воведување на данок на сите банкарски сметки во земјата, јавува Б92.
Министрите за финансии на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд одобриле вчера пакет помош за Кипар во вредност од десет милијарди евра, во замена за воведување построги даноци на банкарските депозити.
Се очекува дека со оваа давачка ќе бидат собрани околу 5,8 милијарди евра.
Пред банкоматите низ целата земја биле направени долги редици бидејќи луѓето збрзале да ги повлечат парите за да го избегнат еднократниот данок на своите депозити, што е потег без преседан во тригодишната должничка криза на оваа земја.
Европските претставници соопштиле дека лицата со помалку од 100.000 евра на сметките ќе мораат да платат еднократен данок од 6,75 отсто, додека оние што поседуваат повеќе пари ќе изгубат 9,9 отсто од вкупниот износ на сметката.
Кипарските кооперативни банки вчера ги затвориле своите врати откако депонентите навалиле во филијалите во обид да ги заштитат своите пари. За разлика од комерцијалните банки кои за време на викендот се затворени, кооперативните банки обично работат во сабота.
Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис ја бранел својата одлука за воведувањето на данокот: „Ова беше најмалку штетната опција. Се боидуваме да ја заштитиме земјата од целосен банкрот“.
Веста за воведувањето на данок на банкарските депозити предизвикала шок кај повеќето граѓани, со оглед на неодамнешните силни уверувања од страна на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес дека нема да прифати договор со кој штедачите би презеле дел од загубите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход