| четврток, 6 декември 2018 |

Дисциплински мерки против 41 вработен во МВР

policijaВо текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 41 решение против 41 вработен во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 и член 207 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на 38 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен мерка – „запирање на постапката“, и на еден вработен мерка – „писмено предупредување”.

Станува збор за виши инспектори за прифат, сменоводители, како и полицајци од полициските станици Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бит Пазар, Гази Баба, Аеродром, Радовиш, Валандово, Штип, Велес, Куманово, еден полицаец за патрола и интервенција во Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top