| четврток, 6 декември 2018 |

Возач на џип со бугарски таблички направи хаос во Велес!

haosВозач на црн џип со бугарски таблици, возејќи излета од патот Градско-Велес во обид да и избега на полицијата, објави Канал 5.
Вчера служба од граничната мобилна полиција го запрела да му изврши контрола. Возачот застанал, немал уредна документација па решил да бега.

Тргнувајќи со возилото го повлекол едниот од полицајците кој паднал. Колегите му помогнале, по што тргнале по џипот.

Во еден момент возачот се обидел да избега по земјен пат, па вртејќи, изгубил контрола над возилото и се превртел.

Возачот и полицаецот биле пренесени во велешката болница од каде велат дека двајцата имаат полесни повреди.

Се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top