| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Од понеделник почнува санација на штетите од поплавите

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во придружба на градоначалникот на Општина Могила Стево Пивковски  попладнево го посетија населеното место Могила во чија непосредна близина минуваат реките Шемница и Црна Река меѓу чии корита е формирано големо езеро.

Премиерот се информираше за состојбата на теренот и за мостот на реката Шемница кој по овие поплави не е во употреба и предизвика целосен прекин на сообраќајната комуникација меѓу селата Могила и Чарлија и останатите села во тој дел на Општината.

Министерот Јанакиести посочи дека при денешната посета може да се истакне дека водата се повлекува и дека од понеделник ќе се почне со санирање на оштетувањата од поплавите.

–  Ќе започнеме со санација на патишта, мостови. На денешниот состанок на Кризниот штаб во Новаци дискутиравме дека за определен период штом се повлече водата ќе треба да почне санација на коритото на реката Црна таму каде што е прекинато и долгорочно истата треба да биде исчистена, посочи Јанакиески.

Тој додаде во наредниот период будно ќе се следи ситуацијата и оти онаму каде што се повлекува водата во дворовите Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top