| четврток, 6 декември 2018 |

Се испумпува водата од поплавените делови во Стајковци

­ Екипите на Град Скопје ја испумпуваат насобраната вода и ги санираат последиците од поплавите во населеното место Стајковци каде по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште. Увид во текот на изминатата ноќ и денеска извршија и градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

­ Стајковското Езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска Црна Гора, како резултат на вчерашните обични врнежи прелеа, ги преполни и блиските канали, по што водата ги поплави околните површини и повеќе подрумски простории, соопшти Град Скопје.

Во соопштението се истакнува дека Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и ќе интервенира секаде каде што има потреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top