Пратеникот во Националното Собрание на Франција, Жан-Клод Мињон, изјави дека со изненадување и разочарување ја примил веста за обидот да се дестабилизира Владата на Република Македонија и го осуди истиот.
– Дестабилизацијата требало да биде направена од страна на Зоран Заев Претседателот на социјалдемократската партија- Социјал демократски сојуз на Македонија. Сé додека не бидат утврдени фактите на еден непристрасен, независен и транспарентен начин, можам само најостро да ги осудам ваквите активности на закани. Тоа значи дека Владата мора да реагира на демократски начин кој ќе се базира на дебата и правно соочување со овие активности. Владата не смее да подлегне и да се стави во служба на подземни и нелегални манипулации и закани – вели Мињон.
Францускиот пратеник ги повикува сите парламентарни политички партии во Скопје да дадат придонес и ефикасно да соработуваат во одбрана на демократијата и владеењето на правото.
Жан Клод Мињон во моментов е член на Комисијата за политички прашања и демократија и Мониторинг комитетот во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, како и известител за Украина во ПС на Советот на Европа. Пратеник е во Националното Собрание на Франција од 1988 до денес, односно повеќе од 27 години, исто така беше Претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 2012 до 2014 година.
Во 1982 година, тој е избран за генерален советник на кантонот Перт-ен-Гатине и тогаш одлучува да се кандидира за градоначалник на единствената општина во кантонот, во која 24 години мнозинството беше во рацете на левицата, однос но општината Дамари-ле-Лис, каде беше градоначалник 31 година (од 1983 до 2014 година).
Од септември 2002 до март 2008 година, тој беше претседател на урбаната заедница на Мелин Вал де Сен.
Од 1988 година тој е избран и реизбиран до денес за пратеник во Националното Собрание на Франција од првата избирачка единица на Сен-е-Марн, во Франција е дозволено пратеник да биде и градоначалник.
Во Националното Собрание на Франција е член на Комисијата за надворешни работи и Комисијата за европски прашања.
Од 23 јануари 2012 до 27 јануари 2014 година, како француски пратеник беше Претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.