Воено-политичкиот новинар од Белград Мирослав Лазански синоќа беше гостин во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“ на „Канал 5“, каде изјави дека ова е прв случај во светот во кој еден политичар имал контакти со странци разузнавачки служби и притоа да се фали со тоа.
–Ова е прв пат во историјата на овие простори некој политичар, особено лидер на опозицијата, да признае дека имал контакти со странски разизнавачки служби и да има материјали т.н „Бомба“, која се уште не експлодирала, со која може политички да го рекетира премиерот на државата, што е скандалозен потег, некој да дојде во кабинетот на премиерот и да го уценува со некакви материјали – изјави Мирослав Лазански во шоуто на Неделковски.
Новинарот потенцираше дека ова е прв ваков случај во светот и дека доколку вакво нешто би направил некој политичар од Западот, тој би бил политички мртов.
–На било кое место во Европа, на Западот, политичарот кој би излегол и би кажал дека имал контакт со странски разузнавачки служби тој политички би бил мртов. Повеќе нема да го има во политиката – вели Лазански.
Тој додава дека не сретнал ниту еден пример, на ниту еден политичар, кој имал контакти со странски разузнавачки служби и тоа јавно да го каже и јавно да го признае, а притоа со тоа некој да уценува.
– Па, тоа во секоја нормална држава е ужасен минус – потенцираше воено-политичкиот новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


