Македонскиот народен театар (МНТ) вечер хуманитарно ќе ја одигра претставата „Не се клади на Енглези“. Приходот од оваа претстава ќе биде дониран за поплавените во штипско.
– Имајќи ја предвид вонредната состојба во Штип и околината, МНТ одлучи приходот од изведбата на претставата да биде целосно дониран на Општина Штип за да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки, соопшти националниот тетатар.
Кон акцијата ќе се приклучат и Драмскиот Театар и Театарот Комедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.