| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓанската иницијатива за високо образование го поздрави дијалогот на Владата со студентите

plenum2 kaj ivanovГраѓанската иницијатива за поддршка на квалитетот на знаењето во високото образование ја поздрави средбата на премиерот Никола Груевски со претставниците на Студентскиот пленум, на Професорскиот пленум и на Сенатот на УКИМ. Иницијативата, како што се наведува во соопштението, го поздравува и враќањето на дијалогот и конструктивниот пристап во процесот како единствено прифатливи механизми за надминување на проблемите во академската заедница.

– Граѓанската иницијатива е убедена дека подадената рака за враќање на дијалогот и постигнатата согласност за одложување на примената на неколку одредби од Законот за високото образование не значат отстапување од зацртаната политика за подобрување на квалитетот во високото образование во земјата. Средбата значи дека е постигнат консензус меѓу сите засегнати страни за неопходноста од реформи во високото образование како клучен фактор за подигнување на квалитетот во високообразовниот систем на Македонија на европско ниво, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top