Државниот испит се одложува за една година – успешна средба на Владата со професорите и со студентите. На претходно барање на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денеска се оствари средба меѓу претставници на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во чијашто делегација беа и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата на Република Македонија предводени од претседателот на Владата, Никола Груевски, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Средбата е дел од иницираниот дијалог меѓу Владата и универзитетите за унапредување на квалитетот во високото образование. На средбата и двете страни изразија подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, меѓу кои и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и за спроведувањето на обврската за објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор за две години. Во меѓувреме, беше договорено во периодот што следува да продолжи дискусијата на ниво на работни групи од двете страни во насока на подобрување на пакетот закони за реформи во високото образование, односно носење на нов закон за високо образование.Владата изразува отвореност и подготвеност низ еден поширок транспарентен и инклузивен процес заедно со релевантните чинители заеднички да се работи на градење на квалитетен систем на високо образование. Владата е благодарна за конструктивниот пристап на универзитетите, односно професорите и студентите и за нивниот досегашен и иден придонес во унапредување на стандардите и квалитетот во високото образование – стои во владиното соопштение.
Освен државниот испит, како спорни точки претставниците ги издвоија начинот за избор во звања, како и измената на кредит-трансфер системот од 300 на 360 кредити. Тие се ставени во мирување.
– Во периодот ќе градиме аргументи дека треба целосно да се укине државниот испит. За сега сме отворени за дискусија околу законот – изјави Константин Битраков од Студентскиот пленум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст