Во Русија постои елитен бордел кој вработува само мажени жени, како на клиентите би им ги исполниле желбите да спијат со туѓи сопруги. Ова е откриено од страна на тамошната полиција, па целокупниот бордел подлежи на испитување и е затворен за јавност.
Портпаролот на московската полиција Маргарита Маслова изјавила дека до сега се уапсени 11 личности.
Повеќето мажи на елитните проституки не знаеле дека жените им се занимаваат со проституција и дека за еден час заработуваат скоро 350 евра.
Борделот за оваа работа им нудел можност на поголема заработка, затоа што во регуларните бордели цените се околку 55 евра на час. Меѓутоа за да ја добијат работата, тие морале да приложат венчаница како доказ дека се мажени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.