Познатиот американски актер и успешен режисер Џорџ Клуни е најпосакуваниот оженет маж, со кого би сакале да изневерат мажените италијанки.
Ова го покажува шеговито истражувањето, спроведено од популарниот „Викторија Милан“. Љубовна афера со Џорџ Клуни кој се ожени во септември, би сакале да имаат 24,3 % од речиси три илјади анкетирани жени во Италија.
Второто место на оваа листа го завзема не помалку популарниот американски актер Бред Пит, кој неодамна се ожени со актерката Анџелина Џоли.
Интересно е дека Клуни и неговата сопруга Амал Амалудин – Клуни, исто така, сакаат да го следат примерот на своите пријатели Бред Пит и Анџелина Џоли, кои имаат , освен трите биолошки, и три посвоени деца.
53 годишниот актер и 37 годишната адвокатка Амал, немаат деца од претходните врски. Двајцата се венчаа на крајот од септември минатата година Венеција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.