Најголемиот расадник на овошни насади во Македонија, компанијата „Левидија“ ќе донира 5.000 овошни садници за поплавените подрачја. Во соопштението од фирмата се вели дека тие сакаат својата донација барем малку да придонесат во намалувањето на штетите од природната непогода на погодените семејства и фарми.
Компанијата „Левидија“, најголемиот расадник за овошни насади во Македонија, не може а да не изрази длабоко жалење за целата состојба во нашата Р. Македонија, по однос на трагичните поплави што ја зафатија земјата. Имајќи предвид дека долгорочната визија на нашата компанија е да функционираме во развиена и просперитетна Република Македонија, поттикнати и поддржани од нашиот Конзул во Истанбул, г. Марјан Софрониески, донесовме одлука во рамки на нашите можности, да овозможиме донација во саден материјал за тешко погодените подрачја во Република Македонија. Во оваа насока, длабоко сме уверени дека ќе наидеме на поддршка и од страна на Министереството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија, од каде очекуваме дека би добиле инфомрација за тешко погодените региони, врз основа на доставените пријави за штета од македонските граѓани. Веруваме дека со заедничка соработка со Владата на Р. Македонија односно ресорното Министерство за земјоделие, од каде и во изминатиов период несебично и крајно професионално наидувавме на разбирање и помош за сите отворени прашања, барем малку од она што веќе го одзеде оваа природна непогода, „Левидија“ ќе успее да го надополни, велат од таму.
Истовремено, тим од стручњаци во компанијата ќе биде на располагање на засегнатите страни кои ќе имаат потреба и од нивна експертска помош, а со цел „заеднички повторно да се засади иднината на храната полна со живот“.
Компанијата „Левидија“, изразува надеж дека барем во некоја мера ќе успее да заради што на располагање ставаме преку 5.000 примероци на саден материјал, а секое семејство или фарма може да се обратат на телефонскиот број 076/369-108 и на следната маил адреса: levidia@levidia.com.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст