| четврток, 6 декември 2018 |

Донирани над 3 милиони денари за поплавените

Преку отворените мобилни телефони 070/075/077 143 400 за донации за загрозените од поплавените подрачја досега се собрани вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари.

Црвениот крст на Република Македонија денеска соопшти дека до поплавените подрачја е дистрибуирана хуманитарна помош 255 пакети храна, 1.229 пакети хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 тони средства за дезинфекција. Со помошта се опфатени вкупно 400 семејства од поплавените региони во Струмица, Чешиново­Облешево, Штип, Кочани, Битола, Прилеп и Куманово. За време на викендот ќе бидат опфатени дополнително уште 200 семејства. Од Црвениот крст информираат дека е понудена помош од националните друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top