| четврток, 6 декември 2018 |

Опасност од нови излевања на Црна Река кај Демир Хисар

poplavi-18

Новите врнежи од дожд и снег предизвикаа загриженост од можни нови излевања на реките, особено е критично со Црна Река кај Демир Хисар, која што е зголемена и секој момент се очекува излевање.

Како што соопшти ДСЗ, ситуацијата во Битола е се уште неизвесна поради дождот. Сите јавни претпријатија на општините се ставени во функција на правење насипи. Со пробивање на патот се спаси с. Новаци од поплавување, водостојот се уште се одржува на приближно исто ниво како и вчера. Багерите се уште работат на терен, а со 15 пумпи се врши испумпување на водата и се подготвува чамец со кој ке бидат префрлени работници од ЕВН за да пуштат струја во с. Гнеотино.

Наврнатиот нов снег кој е многу влажен повторно предизвика прекин во електричната енергија во Општина Пласница. Поради топење на снегот водостојот на реките во Македонски Брод се со благо покачување.

Водотеците на реките на територијата на општините Штип и Карбинци полека се нормализираат. Поради поплавување на бунарите за пиење вода, водата во Општина Штип се уште не е за пиење. Во Ново Село реката Брегалница е во рамките на своето течение и нема поплавување на куќи. Градежните машини се сеуште активни во санирањето на речните корита.

Реките во општините Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево се во опаѓање освен реката Брегалница, која е на повисоко ниво, но без опасност од излевање. Водата се уште не е за пиење. Мостот на Брегалница на потегот Кочани-Зрновци е забранет за користење на моторни возила и за пешаци. Патот до с. Прибачево од страна на оризари е во прекин. Општина Зрновци комплетно е отсечена од Кочани, а градежната механизација која е ангажирана од ДЗС се уште е активна.

Реките во општина Пробиштип се во опаѓање и во моментот се врши подготовка за транспорт на градежната механизација во с. Трипатанци за санирање на насипот од левата и десната страна на Злетовска Река. Свлечиштето на регионалниот пат Киселица–Злетово е се уште активно и сообраќајот е во целосен прекин каде е јавено свлечиштето.

Во реонот на Општина Кичево денеска е вклучена една градежна машина за расчистување на наврнатиот снег на правците кон с. Јудово, Лавчани, Кнежино и манастирот Св. Пречиста.

Водостојот на територијата на Општина Радовиш е во благо опаѓање освен на Крива Лакавица и на Радовишка река во подрачјето на селата две градежни машини.

Во текот на денешниот ден две градежни машини работат на средување на речното корито на р. Бањешница, која поминува во населбата Бањешница и поради стеснување на речното корито водата е излеана и поплавена е населбата.

Водите во Општина Струмица се намалуваат, а со 17 машини ќе се средуваат сите насипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top