| четврток, 6 декември 2018 |

300 милиони абортуси во Кина поради политиката за планирање на семејствата

Повеќе од 300 милиони абортуси и речиси 200 милиони стерилизации биле извршени во  Кина во последните 4 децении откако е на сила политиката за планирање на семејствата, соопшти кинеското министерство за здравство.

Мерките за ограничување на бројот на деца во Кина се воведени во 70-тите години од минатиот век, со кои секое семејство имаше право на едно дете.

Целта била да се намали популацијата за да се сочуваат природните ресурси меѓу кои храна и вода.

Правилото за едно дете не важи во руралните делови на Кина, за малцинствата и во случаи кога се раѓаат близнаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top