
Тројца работници починаа, а двајца се повредени во пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци, по експлозија во фабричките капацитети, потврдуваат од полицијата по првичниот увид.
Еден од вработените, кој се здобил со тешки изгореници и повреди е упатен на скопските клиники, а другиот е со полесни повреди во локалната болница.
Противпожарните екипи го локализираа пожарот, а на терен се претставници на полицијата, јавен обвинител и општинските власти.
Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 08:50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемири локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните на Богданци заслужуваат да живеат во модерна и убава општина-Роглев најави низа проекти
-
Во Богданци референдум за рудникот „Казандол“
-
Детали за несреќата на патот Гевгелија – Богданци: Починаа тројца млади, еден е повреден
-
Груевски од Дојран и Богданци: Продолжуваме со развој на туризмот и стимулирање на земјоделството






