| четврток, 6 декември 2018 |

Документарен филм за Тоше на „Ал Џaзира“

В сабота, на 7 февруари, со почеток од 17.30 часот на програмата на „Ал Џазира Балкан“ премиерно ќе биде емитувана специјална документарна емисија посветена на една од најголемите балкански музички звезди Тоше Проески.

Емисијата насловена како „Шест часа до небото“ ќе се обиде да направи досега најцелосен осврт врз ликот и делото на Проески.

„Ал Џазира Балкан“ е дел од „Ал Џазира нетворк“ една од најголемите медиумски групации во целиот свет, емитувајќи емисии, вести и актуелни содржини на сите локални јазици во регионот, вклучувајќи информации од БиХ, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија и од Косово. Следејќи ја традицијата на независно новинарство по кое е позната „Ал Џазира“, телевизијата се обидува да биде клучен извор на меѓународни и регионални вести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top