| четврток, 6 декември 2018 |

И студентите собираат помош за поплавените семејства

10942667_10205703372213915_2688683541546787967_n

И студентите повикуваат сите да помогнат за семејствата чии домови и поседи се поплавени. Во соопштението што го испратија стои:

„Сочувствуваме со семејствата чиишто домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Студентскиот пленум Ве повикува да се СОЛИДАРИЗИРАМЕ со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава.

Со таа цел, утре (петок, 06.02) со почеток во 10 часот, се организира СОЛИДАРНА АКЦИЈА која ќе се одвива на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.

Продукти кои се најпотребни:

Вода,
Средства за хигиена,
Конзервирана храна, 
Чорапи и облека, 
Ќебиња

Ги повикуваме сите наши колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и истите да одвојат средства со цел да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top