| четврток, 6 декември 2018 |

На Задушница ограбиле жена која одела на гробишта

Двајца скопјани се уапсени непосредно откако ограбиле жена која со автобус на ЈСП патувала кон гробиштата во Бутел.

Според МВР, Х.К. (42) и А.Б.(39) двајцата од Скопје на 9 овој месец околу 11 часот во автобус на ЈСП Скопје број 59, ја забележале Ј.М.Р. (66) и  искористувајќи ја гужвата во автобусот, и го украле паричникот во чантата во кој имало пари и разни документи.

За среќа, жената при слегување од автобусот забележала дека и е украден паричникот и во истиот момент ги забележала Х.К. и А.Б. како  се симнале од автобусот и со брзање се упатиле во правец кон паркингот од гробиштата во Бутел. Таа веднаш пријавила на првиот полицаец на кого наишла, кој по радио врска им јавил на колегите, по што крадците биле фатени, а паричникот и бил вратен на жената.

Лицето Х.К. во полициската евиденција бил забележан како извршител на повеќе кривични дела “џепна кражба“, “кражба“ и “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурзории“, а лицето А.Б. бил регистриран како извршител на “џепна кражба“, “кражба“, “тешка кражба“, “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, “разбојничка кражба“и “овозможување на употреба на  наркотични дроги“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top