| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот лани забележал пораст од 15,6 проценти

увоз

Во текот на минатата година вкупната вредност на размената на Македонија со странство изнесувала 12,2 милијарди американски долари. Извозот забележал пораст од 15,6 отсто, а увозот од 10,3 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стока од Република Македонија во периодот јануари – декември 2014 година изнесувала 4.933 милијарди американски долари, а на увозот 7.276 милијарди американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 67,8 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2014 година, изнесувал 2.342 милијарди американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Лани од Македонија најмногу се извезувала кон земјите од ЕУ 76,6 отсто и во земјите од Западен Балкан 14 проценти. И во увозот најголемо учество имаат земјите од ЕУ со 63,5 проценти.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и  Италија. Од вкупната надворешно-трговска размена 51,7 отсто се врши со овие земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top