| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од сто лица убиени во напад на Боко харам

Повеќе од 100 лица се убиени во вчерашниот напад на нигериската исламистичка група Боко харам врз камерунскиот град Фотокол, соопштија локалните власти.

Терористите го нападнале градот и заклале десетици негови жители и војници, но точни податоци за бројот на жртвите не се соопштени. За време на нападот борците на Боко харам запалиле и голем број куќи, како и Големата џамија во Фотокол.

Камерунската армија синоќа соопшти дека успеала да им се спротивстави на напаѓачите и да убие 50 од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top