Поранешната тенисерка Моника Селеш за магазинот „Пипл“ првпат проговори за својата борба со проблемите со исхраната и сега се надева дека нејзината приказна силно ќе оддекне.
Моника првпат признава дека во еден период од животот почнала неконтролирано да јаде. Сега ја поддржува новата кампања на Националната асоцијација за борба против пореметување во исхраната.
– Долго ми требаше да проговорам за тоа – изјави за „Пипл“ Селеш.
Таа вели дека почнала да јаде неконтролирано во време кога се борела со притисокот да биде успешна на теренот, а во исто време нејзниот татко се борел со ракот на простатата. Но, најмногу на ситуацијата влијаеле последиците од нападот на тенискиот терен во 1993 година.
– Јадев неконтролиррано. Чипс, переци, колачи, се што ќе ми дојде под рака. За кратко време јадев огромна количина храна – вели Моника.
Иако нејзината тежина варирала, таа не била свесна за својата болест. Прејадувањето е едно од најзастапените пореметувања кај возрасните Американци, дури и повеќе од булимија и анксиозност.
Селеш побарала помош, кога станала свесна за ситуацијата.
– Сега се чувстувам пријатно да јадам во јавност и немам потреба да се затворам во куќата – вели во интервјуто за „Пипл“ Селеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.