Индустриското производство во Хрватска во декември лани е зголемено за 5,3 проценти во однос на декември 2013 година. Од тоа, производството на храна бележи раст за дури 20 отсто, се вели во најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Таквата состојба, според „Слободна Далмација“, е знак за заздравување на индустриското производство по повеќегодишна стагнација.
Вкупниот индустриски пораст во Хрватска лани бил 1,2 процент, што, според Јосип Будимир од Управата на „Франк“, сè уште е далеку од посакуваното ниво ако треба да се променат повеќегодишните негативни трендови.
Весникот додава дека и покрај охрабрувачката статистика, во преработувачката индустрија нема зголемување туку пад на бројот на вработени и тоа за 0,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.