Изборите се добиваат со масовна излезност на граѓаните и затоа Ристе Чушкоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга на коалцијата ВМРО ДПМНЕ и СДСМ бара на 24 март сите граѓани на Струга масовно да излезат на локалните избори закажани за 24 март.

– Само заедно ќе бидеме вистински победници. Заеднички да одлучиме за нашето постоење и за нашите поколенија. Време е да кажеме доста на раскопаните улици, урбаниот хаос и дотраените мостови. Нашата советничка група секогаш ќе биде со граѓаните, затоа што постоиме заради граѓаните. Коалциијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и останатите политички партии кои се на заедничката советничка листа одлучија цврсто да застанат зад интересите на сите граѓани на општина Струга, без разлика на етничката, верската и политичаката припадност. Струга од секогаш имала големи луѓе, културни дејци и манифестации. Зарем ќе дозволиме пред наши очи да се руши ликот на културата и мултиетничка Струга? Со нашите претставници во локалната власт ќе ја продолжиме заложбата, низ институциите на системот да докажеме дека оваа општина може да функционира и да понуди перспектива на граѓаните. Со нашите претставници секогаш ќе ги застапуваме интересите на граѓаните, затоа што најтешко ќе ни биде, да бидеме присутни на овие простори, а а да не постоиме – изјави Чушкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


