| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за лицето кое рани двајца во тетовско Желино

­ Основниот суд во Тетово денеска одреди 30 дена притвор за В.Џ. (34) од Желино, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Претходно, како што појасни, во текот на денешниот ден В.Џ. бил приведен од полицијата како осомничен дека испукал еден куршум од пиштол кон група од три лица во вооружен инцидент што изминатата ноќ околу 22 часот и 30 минути се случил во близина на чајџилница во Желино. ­

-При тоа Б.А. (51) од Лешница и С.Џ. (54) од Желино се здобиле со прострелни рани во левата потколеница односно десната натколеница по што од страна на третиот член од групата, жител на Желино, со негово возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде по укажаната лекарска помош вон животна опасност биле задржани за натамошно лекување, истакна Јосифоски.

При заедничкиот увид на полицијата и јавниот обвинител на местото од вооружениот инцидент биле пронајдени еден проектил и празна чаура калибар 7,65 милиметри кои биле подигнати, фотодокументирани и предадени за вештачење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top