| четврток, 6 декември 2018 |

Жените во АРМ во првите редови за помош на поплавените (ФОТО)

132494924 132494923

Припадниците на АРМ заедно со вработените од јавните претријатија денес поставуваа вреќи со песок во селото Тројкрсти како заштита од ширење на поплави по најавата за нови дождови. Ангажирањето на припадниците на АРМ и активностите кои заедно ги преземаат со јавните претпријатија е со цел да се санираат пробиените места од Црна Река, но и да се постават 10 илјади вреќи со песок, како заштита од нови дождови.

Од АРМ информираат дека денес само во пелагонискиот регион се ангажирани околу 300 припадници на АРМ, а на целата териоторија вкупно 700 припадници со потребна механизација, теренски моторни возила и потребни материјални средства и опрема.

Во селото Тројкрсти денес беше претседателот на Македонија Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, како и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

132494919 132494922 132494569 132494567 132494921 132494568 132494918 132494566 132494565 132494563 132494564 132494562 132494920

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top