| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје се одржа валоризациска конференција за програмата „Еразмус плус“

Наставници и професори, општинска администрација и активисти во граѓанскиот сектор учествуваа на валоризациската конференција одржана во Скопје како дел од  циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На оваа конференција учествуваа м-р Дарко Димитров, м-р Гоце Величковски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Европас“ и „Евридика“.

Претставник од Министерството за образование и наука беше Аспасија Хаџишче, која истакна дека најдобар показател на успешното усогласување со националните приоритети се успешните проекти кои беа претставени на денешната конференција .

10836156_10152654575878027_48921863_n

– Во годините што се пред нас, Националната агенција ќе продолжи да биде столбот на имплементацијата на програмата „Еразмус плус“  и ќе ги поддржува сите сегменти на образованието, обуката, младите и спортот во нивните напори за што порамноправно учество во европските текови. Во соработка со Министерството за образование и наука, ќе се дефинираат приоритетните области на поддршка секоја година, со што ќе се придонесе зa оптимално користење на средствата од Европската унија за поддршка на меѓународната соработка – истакна Хаџишче.

– Програмата „Еразмус плус“ цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, а воедно ја поддржува модернизацијата во овие области,  пропорционално на тоа нуди можности за аплицирање во различни акции достапни за студенти, ученици, младински работници, професори, наставници, како и останати лица активни во областите кои ги поддржуваат образованието, обуката, младите и спортот – посочи директорот на Националната агенција, Димитров.

10961665_10152654575863027_2141237350_n

На присутните им беа презентирани фазите на одлучување-процедура за селекција на апликации, како и трите клучни акции од програмата „Еразмус плус“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top