Европската унија избегна воведување забрана за најмалку 31 пестицид „игнорирајќи“ научно истражување што предупредува на хемикалии поврзани со деформација на фетус, генетски мутации, неплодност и други болести.
Научно истражување во сопственост на британскиот весник „Гардијан“ препорачува идентификување и категоризирање на канцерогените хемикалии што влијаат на ендокриниот состав (ЕДЦ) и предизвикуваат серија несакани ефекти.
Извори од Комисијата тврдат дека истражувањето е „закопано“ од страна на високи европски официјални претставници под притисок на компании што употребуваат хемикалии ЕДЦ во голем број производи.
Необјавената студија тврди дека ризикот поврзан со изложеност на помала количина ЕДЦ е така голем што претставува доволна причина за негова забрана. ЕУ врз основа на истражувањето можела и требала да забрани голем број производи веќе предминатата година, пишува весникот „Гардијан“.
Според претставници на ЕК, притисокот на големите „индустриски играчи“ како што се Баерн и БАСФ бил премногу голем, како и дека построгите критериуми на контрола предложени од истражувањето се отфрлени и применети поблаги мерки.
– Ние бевме подготвени да одиме со критериуми, исто како и стратешкиот предлог, но ни беше кажано да заборавиме на тоа од канцеларијата на генералниот секретар – изјави неименуван извор од Комисијата за „Гардијан“.
Минатиот месец 11 европарламентарци упатија писмо до еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Вутени Андриукатис, во кое се бара од ЕУ да го почитува мандатот и да усвои построги критериуми за ЕДЦ.
Опасните хемикалии се предмет на судска постапка покрената од Шведска, ЕП и од Советот на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.