Екипите на МЕПСО, по непрекината повеќечасовна работа, во 14.09 часот успеаја да ги санираат дефектите на 110-киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.
Од Македонскиот електропреносен систем оператор информираат дека екипи на МЕПСО паралелно работат на подигнување на двата столба кои завчера беа оштетени од силното невреме на 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Кичево“ и „Осломеј“.
– Со оглед на динамиката, се очекува за период од два до три дена целосно да се оспособи и стави под напон и втората 110-киловолтна врска со која Кичево е поврзано на преносната мрежа на МЕПСО – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст