| четврток, 6 декември 2018 |

Обама во потрага по чиста енергија

121219_barack_obama_guns_reuters_328Претседателот на САД Барак Обама им даде поддршка на истражувањата во областа на чистата енергија, објавувајќи ги плановите за инвестиции од две милијарди долари во следната деценија во новата истражувачка програма.  Во изјавата пред владината Национална лабораторија Аргон, крај Чикаго, Обама го пофали заживувањето на американската автомобилска индустрија, која, како што кажа, произведува едни од највисоко технолошките, економични и убави автомобили во светот, како пример за економска корист и корист за вработувањата од високотехнолошките истражувања.

-Во време кога секој месец го менувате својот смартфон затоа што на пазарот постојано се појавува нешто ново, претставете си што би значело Кина, Германија и Јапонија да продолжат да ги развиваат своите главни научни истражувања, а ние да седиме и ништо да не правиме, рече Обама.

Инвестициите во истражувањата во областа на чистата енергија ќе се вратат преку нови индустрии, нови работни места и нови лидерства, забележа претседателот.

-Ако успешно работиме тоа подоцна ќе ни помогне да ги избегнеме катастрофалните последици на климатските промени и на своите деца ќе им оставиме една почиста планета, подвлече Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top