| четврток, 6 декември 2018 |

Членови на СОНК во Охрид: Штрајкуваат само професорите од СДСМ

strajkohriddd
Во Охрид штрајкуваат само професорите од СДСМ, тврдат членовите на СОНК. Според нив, од повидните експоненти на опозицијата во штрајк стапиле поранешните директори на училиштето именувани од власт на СДСМ, Наум Рилкоски и Љубиша Машановиќ, потоа професорката Жаклина Лазареска, која е и функционер во партијата. Меѓу дургите штрајкуваат и следниве припадници на опозицијата: Екатерина Бојческа Паскали, Војо Илиоски, Ристо Николески, Бојан Петрески, Кристина Јубисавлевиќ, Марија Чонева,Бојан Петрески, Ленче Ристеска и Весна Цветкоска.

– Нормално е тоа, во нашава ситуација во која живееме и опстојуваме, нормално е членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не штрајкуваат, а тие на СДСМ да штрајкуваат. Таква ни е ситуацијата и јас тоа јавно еве можам да го кажам дека е така. За жал – изјави за „Охрид1” Ристо Николески од СОНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top