Странските разузнавачки служби го избрале Зоран Заев затоа што е таков каков што е и преку формилацијата на полскиот министер, кој рече дека „во вакви пригоди се користат политичари – корисни идиоти“! Ова го истакна новинарката Мирка Велиновска синоќа во МРТ.
-Тој самиот самокритички кажа дека во креирањето на револуцијата, која беше „спонтана“ во Украина, полските политичари послужиле како корисни идиоти. За себе кажа дека влетале во геополитичка игра. За жал, Зоран Заев е еден од тие профили. Не е Македонија исклучок, па ние да се срамиме дека само кај нас има такви. Има секаде – во Бугарија, Грција, Романија, секаде ги има. Работата е за да ти профункционира корисниот идиот, тој треба да има контрола на терен. Теренот се вика суверени граѓани. За среќа, Зоран Заев, поради неговото политичко портфолио, не може да собере маса. И никој во СДСМ, со политиката што ја водеше последниве години не може, ваков каков што е, да се врати, а за жал не го остава просторот за поинакви, иновативни, млади членови, креативни умови. Не, тој станува сѐ потпросечен – истакна новинарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.