Судска разврска за случајот во кој четвртоосомничен е Зоран Заев ќе има, но она што не можеме да го заборавиме е црната дамка од мастило која е фрлена врз сите нас без разлика дали се работи за граѓани кои ја поддржуваат или не ја поддржуваат власта.
Ова го изјави професорката Татјана Каракамишева синоќа во „Акцент на МРТ“ каде што сликовито посочи дека сите се наоѓаме во истиот казан и сите ќе ја сркаме истата чорба.
– Во политиката има многу луѓе кои се на повисоко ниво во политичка култура, во политичка писменост, но заради одреден сплет на околности или несреќен случај, избрана е одередена гарнитура во опозицијата којашто не може да се носи со предизвикот да биде политички лидер – рече Каракамишева.
Според професорката, опасно би било СДСМ да дојде на власт затоа што луѓето од опозицијата на таков начин ја сфаќаат политиката и демократијата.
– Она што последно како фраза или флоскула го слушнавме – враќање на слободата, враќање на демократијата, на владеење на правото…Дали е свесен тој човек дека прв којшто го крши владеењето на правото и слободата е токму тој. Ако за него е владеење на правото ваков начин на постапување, ако слободата ја замислува на ваков начин и демократијата, тоа значи изборната демократија и уставната демократија, тогаш ние имаме сериозен проблем со опозицијата во целост. Затоа што тој е лидер на опозицијата. Јас навистина не би сакала, дури ни на сон, ваква политичка гарнитура, која што на ваков начин ги сфаќа сите овие демократски вредности да дојде и да практикува власт, затоа што е дефинитивно искривување на сите вредносни норми и стандарди врз коишто почива меѓународното право, европското право, македонското право. Всушност, директно прави атак врз темелната вредност на уставниот поредок – заклучи Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.