Се работи за сериона закани која што директно удира на граѓаните. Кога велам врз граѓаните мислам дека есенцијата на уставниот поредок се токму граѓаните, ние кои излегуваме на гласање и одбираме на кого ќе му го пренесеме дел од својот суверенитет во мандатниот период којшто е врзан со политичкиот ештаблимент – вели политичкиот експерт Тања Каракамишева.
Според неа делото за кое се терети лидерот на опозицијата, Зоран Заев е директен атак врз граѓаните, посредно, преку носителите на власта.
-Ако уставниот поредок се сфаќа уставноправно, односно преку институциите на државата, а тие не би имале смисла ако немаат содржина, а содржината ја полниме ние граѓаните избирачи, кои на избори ја даваме својата волја, кој да биде носител на власта, уставниот поредок би немал смисла. Сите оние закани до претседателот на Владата, за информации кои се однесуваат за целиот државен врв, тогаш несомнено е дека тие закани се однесуваат на сите институции, односно на сите нас граѓани избирачи во оваа држава. Затоа треба многу внимателно и сериозно и политички одговорно, но и граѓански одговорно мора да се однесуваме во целиот процес. Ако не ја сфаќаме опасноста која доаѓа, тогаш имаме проблем со демократскиот капацитет, но и политичката култура која мора да биде дел од нас преку граѓанска култура. Во целиот овој процес е битно да се фати една поента, а тоа е ако ова се гледа како едно политичко секојдневие, активност која може да помине без судска постапка, слушам аналитичари бараат ТВ дебата помеѓу лидерите, тогаш не знам на што би личела Македонија во наредниот период. Дали најавувани бомби би можеле да се решат во ТВ дебата? ЌЕ седнат на маса и ќе си разговараат. Потребна е судска постапка, транспарентна, поврзана со сите принципи на демократска судска постапка, вклучително владеење на право, презумција на невиност. Во спротивно ќе имаме проблем тој политички преседан да стане пракса во која Македонија не може да исплива и да се гради како нормална демократска држава. Секој што ќе дојде на власт ќе го примени тој принцип на каубојско дејствување на политичката сцена, со уцени, и на крај Македонија ќе биде каубојска сцена без правила на игра – доава таа.
Каракамишева очекува делото да се прошири. Вели судот ќе одлучи, ќе ја конципира својата пресуда зависно од доказите и сведоците. Независноста на судството мора да се почитува.
-Сите дела за кои се терети Заев во „Пуч“ се тешки кривични дела против државата. Но ако кривичната пријава го опфаќа основаното сомнение дека осомничениот сторил казниво дело насилство кон највисок државни претсавници, нормално е во тој контекст да се поврзете со велепредавството. Велепредавството е употреба на сила, но и сериозна закана во смена, односно соборување на државните органи. Тесна е корелацијата меѓу овие дела. Не можете да зборувате закана против високи државни претсавници а да не се поврзе со казнивото тело соборување на највисоките државни органи. Како што кажав, претставниците се составен елемент од тие државни органи и ако има насилство врз нив, нормално дека ќе има врска со велепредавството. Без разлика податоците што ќе бидат употребени дали се од странска разузунавачка служба, или од домашен извор, велепредавството стои, односно сериозната закана е тука, смета Каракамишева.
Професорката заклучува дека велепредавство е тој што со употреба на сила или закана сака да го смени уставниот поредок или да ги собори највисоките државни органи, истиот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.