Либерално демократската партија денеска ќе го одржи шестото Собрание на кое ќе се избира работно претседателство, верификациона комисија, кандидациона комисија, комисија за спроведување избори, комисија за следење расправа по собраниски документи и записничар, информира партијата. Настанот ќе се одржи во „Холидеј Ин“. На дневен ред е и избор на претседател на ЛДП, како и генерален секретар, централен одбор и надзорен одбор на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.