Од скопскиот Кривичен суд за МРТ потврдиле дека завршил распитот пред судија од претходна постапка на второ и трето осомничените лица во случајот „Пуч“. По 30 дневен притвор добија сопругата на екс- директорот на УБК, Зоран Верушевски и функционерот од Струмица, Бранко Палифров. На Зоран Заев му е изречена мерка одземање на пасошот, и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд.
Со полициска акција спречен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта. Приведени се тројца. Првоосомничен е екс-директорот на Управата за безбедност и разузнавање, Зоран Верушевски, кој е веќе во притвор. За претседателот на СДСМ, Зоран Заев е поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.