Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска заработи кривична пријава како четвртообвинет во случајот „Пуч“ ќе се изјасни после партиска координација. Тој не искажа став околу актуелните случувања. Накратко најави дека вистината ќе излезе на виделина, но се воздржа од повеќе коментари додека не се направи внатрепартиска консултација.
Во моментот во СДСМ се собираат партиските челници и членови. Се чека нивна координација, по што треба, според најавите да го кажат својот став во врска со обвинението дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери Заев, Зоран Верушевски, неговата сопруга и вработен во Општина Струмица сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.