| четврток, 6 декември 2018 |

МВР нема ингеренции и не побарало притвор за Заев

analiza125-Na-vo-Zaev

Министерството за внатрешни работи нема ингеренции да бара притвор и не побарало притвор за четвртоосомничениот З.З. во рамки на полициската оперативна обработка „Пуч“, вели помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Сите активности и дејствија во рамки на Оперативната обработка „Пуч“, Министерството за внатрешни работи ги презеде во координација и со надлежниот јавен обвинител. Со наредба на ЈО денеска беше извршен претрес на една локација во Струмица и беа приведени две лица. Со оглед на мноштвото прибавени докази за кривичните дела кои им се ставаат на товар, овластените лица сметаа дека нема потреба и од претрес кај четврто осомничениот. МВР не побарало и нема ингеренции да бара притвор за него, истакна Котевски.

Тој посочи дека според информациите кои ги имаат од Обвинителството, надлежниот јавен обвинител за лицето не предложил притвор туку други мерки на обезбедување, односно одземање на патната исправа како гарант дека нема да ја напушти земјава и ќе се јави пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top