| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Постојат цврсти и непобитни докази за она што го говорам

gruevski press 3 (Custom)

Никола Груевски, премиерот на Република Македонија изјави дека има цврсти и непобитни докази за она што го говори во врска со операцијата „Пуч“.

– Го слушав шефот на македонската опозиција со каква гордост самоувереност и возвишеност ме информира дека странска разузнавачка служба го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел. Не можев да верувам дека човекот кој сака да ја води државата не крие дека соработувал со странски разузнавачки служби. Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази – рече Груевски денеска кој имаше излагање во Владата на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top