Се прави сериозна штета за државата, креирано сценарио на кое сите сте сведоци од почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник. Можеби многумина ќе речат дека не требаше да ја направиме оваа постапка, но има некои работи кои ниту еден совесен човек и политичар не смее и не може да ги игнорира. Таква работа е интересот на државата – рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста, откако МВР поднесе кривична пријава за Зоран Заев и Зоран Верушевски. за шпионажа поврзана со странски структури и закана за промена на уставниот поредок.
Тој додаде:
–Ве повикувам да се запрашате што би направиле на мое место? Во цели 24 години независност на оваа држава вакво нешто ниту еден политичар, дури ни најконтроверзните, не направиле. Сакам да порачам дека закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња туку Македонци. Ова е голема штета за државата по нејзиниот углед и имиџ. Штета што тој посегна по ваков подмолен начин наместо со идеи и визија и програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата