Во периодот помеѓу септември и ноември 2014 година остварив 4 средби со господинот Заев, претседател на СДСМ. Првата средба беше иницирана на негово барање, а понатамошните беа поврзани со првата – изјави денеска премиерот Никола Груевски во денешното обраќање, откако МВР му поднесе кривична пријава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како четвртоосомничен во случајот „Пуч“
Тој тврди дека Заев побарал од него итно формирање на техничка влада. Притоа го информирал дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба прибавил снимени телефонски разговори речиси од цел државен врв, тргнувајќи од претседателот на државата, парламентот, владата, медиумите и други политички јавни лица од власта и опозицијата.
– Го прашав дали е сигурен во тоа што го говори и дека е тоа странска разузнавачка служба, добив потврдни одговори. Тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатиравме дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни.Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата. Во наредни денови и недели почна јавно да говори дека поседува таков материјал, што ја засили заканата за нас и кон нас, дека ако не прифатиме формирање на техничка влада ќе го објави материјалот – истакна Груевски.
Во случајот „Пуч“ четири осомничени лица преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата



