Пакистанците денеска ќе протестираат ширум земјата, по вчерашниот напад на шиитска џамија. Повеќе од 60 лица се убиени во бомбашкиот напад на шиитска џамија на југот на Пакистан, што е најсмртоносен меѓусекташки напад во земјата во изминатите две години. Во текот на ноќта три лица им подлегнале на повредите.
Одговорноста за нападот ја презеде сунитската милитантна група Џандулах, која порани беше дел од пакистанските талибанци.
Нападот е изведен на џамијата Шикарпуру, 470 километри северно од Карачи, во време кога околу 400 верници присуствуваа на петочната молитва. Од силната експлозија џамијата се урна, а местото на несреќата е покриено со крв и делови од тела, раскажаа очевидци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


