| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе ја зачува својата воена супериорност

Русија нема да дозволи други држави да станат воено посупериорни од неа, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, најавувајќи план за модернизација на Вооружените сили на Руската Федерација. ­

– Задачата што ни ја постави претседателот (Владимир Путин) за зачувување на воената супериорност на земјата, ќе ја исполниме безуловно, изјави Шојгу на средба на колегиумот на Министерството за одбрана.

Тој најави дека се извршени измени во планот за дејствување на Министертзвото за одбрана за 2015 година, согласно новонастаната воено­полиитчка ситуација околку Русија. Како што јави ТАСС, со измените, според Шојгу, се првидува зајакнување на борбениот потенцијал на руските Вооружени сили. ­ За таа цел се предвудва стратешко зајакнување на воените единици, рече Шојгу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top