| четврток, 6 декември 2018 |

Родители од Куманово против штрајкот на СОНК

Група родители од Куманово денеска пред средното стручно училиште „Перо Наков“ изразија незадоволство затоа што нивните деца не посетуваат настава поради штрајкот на СОНК во Куманово.

Родителите изјавуваат дека неследењето на наставниот процес трајно ќе се одрази на процесот на образование на учениците. ­ Мислиме дека трајно ќе се одрази, бидејќи нема да можат да постигнат да го совладаат материјалот кој што е предвиден, рече Дејан Цветковски, член на Совет на родители.

Родителите апелираат да се решат проблемите на иснтитуционално ниво и порачаат дека местото на учениците во овој период е во училишните клупи. ­ Со оваа иницијатива ќе продолжиме се додека не престане штрајкот, вели Цветковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top