Одлуката на Европската унија да ги продолжи санкциите на Русија поради настаните во Украина е деструктивна политика која никаде не води, соопштува денеска Министерството за надворешни работи на Русија.
„Време е Европската унија навистина да размисли за последиците на задржувањето на санкциите кои само им носат штета на народите и економиите на нашите земји“, се вели во соопштението од Москва кое го пренесува АФП.
Како што е наведено, Русија се чувствува разочарано од вчерашната одлука на ЕУ да додаде нови имиња на листата на санкционираните.
„Едностраното гледање на Брисел на судирот внатре во Украина му го одзема правото да се однесува како непристрасен посредник“, се наведува во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Русија во соопштението го обвинува Киев за предизвикување на неодамнешниот нов бран на насилство на истокот од Украина како би влијаел на министрите на надворешните работи на ЕУ.
„На сила и понатаму остануваат нашите конкретни предлози за решавање на состојбата во Украина и вреќање на европскиот процес на конструктивен пат“, се вели во соопштението.
И честиот преставник на Русија пред Европската унија Владимир Чижов оценил дека одлуката на Брисел да ги продолжи санкциите на Русија до септември е „за жалење“.
„Набљудувајќи ги работите на така ограничен начин, ЕУ всушност додатно го тестира нашето партнерство-партнерство помеѓу Русија и ЕУ, што е за жалење рекол Чижов коментирајќи го вчерашниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ на кој е донесена одлука за продолжување на санкциите за Москва.
Тој смета дека „сите елементи на реакција на ЕУ на состојбата во Украина се погрешни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


